Нови 23 случаи на КОВИД-19 се потврдени во текот на изминатото деноноќие со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава се искачи на 1.921. Институтот за јавно здравје регистрира и едно починато лице и девет оздравени пациенти.
Починатиот е 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања кој вчера со симптоми на вирусот бил примен во ГОБ „8 Септември“, а денеска е потврдено дека бил позитивен.
Најголем број од новозаболените се од Скопје -12, по што следуваат Куманово и Тетово со 4, Прилеп – 2, и Неготино еден пациент.
Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања од кои 365 се во рамки на скринингот.
Од почетокот на епидемијата, во земјава се оздравени 1.387 пациенти, а починати 112. Бројот на активни случаи во моментот изнесува 422.
Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 685, активни 178
• Куманово – 423, активни 27
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-38, активни 3
• Прилеп –206, активни 56
• Тетово – 165, активни 76
• Струга – 71, активни 4
• Велес – 127, активни 49
• Битола –28, активни 9
• Охрид –21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –21, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
• Свети Николе-1, активни 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.