Од заболените 917 случаи со Ковид-19 во периодот од 29 јуни до 5 јули, најголем процент (22,9 отсто) се лица на возраст над 60 години, а 19,9 отсто се лица на возраст од 50 до 59 години.
Регистрирано е благо намалување во однос на претходниот период кај лица на возраст од 40 до 49 години и благо зголемување на процентот кај лица на возраст од 30 до 39 години и од 20 до 29 години.
Ова се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје за посочениот период во кој стои дека најмал број новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 3,1 отсто и од 10 до 19 години – 4,1 отсто од вкупниот број новозаболени.
Во периодот 29 јуни до 5 јули регистрирани се 46 смртни случаи од Ковид-19, што е 11 помалку од претходната недела на известување. Најголем број од случаите се лица на возраст над 60 години (67,4 отсто). Кај 38 од смртните случаи (82,6 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети.
Ова се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје за посочениот период во кој стои дека од случаите во овој период кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 113 лица или 13,4 отсто, што претставува намалување за четири отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 205 лица или кај 25 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети.