Во Србија во моментот од новиот коронавирус се лекуваат 28 деца од кои четири бебиња. Заразените деца се на возраст од 15 дена до 17 години, јави РТС.

Раководителот на Клиниката за детски болести во Клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“, д-р Оливера Остојиќ, изјави за РТС дека децата се во добра општа состојба и дека досега имале две мали деца со потешка клиничка слика, но сега се во добра состојба.

На Клиниката се лекувале 45 деца заболени од Ковид-19, но 20 од нив се веќе дома откако во два наврата имале негативен тест. бебињата кои се лекуват се на возраст од 15 денови до 40 денови.