Нови 68 заболени од корона вирус се регистрирани во последното деноноќие, објави Фокус од свои извори.

Со тоа вкупната бројка достигна 828 заразени.

Најмногу заразени има во Скопје и Куманово.

Повеќе детали за новата состојба со Ковид 19 во државата откако ќе излезе соопштението на министерството за здравство.