Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19, сите во Скопје.
Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кочани и Кичево – по 1.
Не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.342 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-76, Биотек-74, Систина-60, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-145, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 890.
Досега во земјата се направени вкупно 874.236 тестирања на Ковид-19.