За само еден месец од регион со спорадични случаи Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на Ковид-19, оценуваат од епидимиолошката служба при тетовскиот Центар за јавно здравје. Поради ваквата состојба се очекува и бројот на новозаболени уште повеќе да расте.
-На 6 јули имаше вкупно шест случаи на домашно лекување, а сега во градот Тетово имаме околу 220 случаи на домашно лекување. Имаме по 30, 40 и вчера дури 60 позитивни случаи што се должи на непочитување на мерките и протоколи, а инфицираните ни се од семејно прослави настани и нивни контакти, објаснува епидемиологот д-р Сузана Субашиќ, раководител на епидемиолошката служба.
Ако населението не се вакцинира и ако не ги почитува мерките, препораките и протоколите според епидемиолозите состојбата може уште повеќе да се влошува.
-Генерално новите случаи не се вакцинирани. Ако имаме од овие 220 лица на домашно лекување само десетина вакцинирани. Дали асимптоматски или симптоматски се невакцинирани. Високата бројка во градот Тетово се должи како резултат на тоа што ние имаме многу лица дојдени од западните земји кои после престојот во државата се тестираат за да можат да заминат во земјите каде што работат. Голем дел од нив се млади лица и се асимптоматски но сепак инфицирани со Ковид-19, објаснува д-р Субашиќ.
Таа апелира да се вакцинираат луѓето но и понатаму да ги почтиуваат мерките за спречување на ширење на коронавирусот.
-Апел да се вакцинира и да се почитуваат мерки и протоколи кои се во важност, вирусот не е победен и е приустен. Болеста не е победена и пандемијата не е завршена овде се работи за непочитување на мерки и протоколи и немање индивидуална одговорност. И вакцинираните треба да ги почитуваат мерките. Има лица по втор пат биле болни. Седум-осум случаи на цели семејства имаме со примери, рече д-р Субашиќ.
Во Клиничка болница денес веќе има 32 лица на болничко лекување, што значи шест повеќе од вчерашните 26.
Во вакционалниот пункт согласно пресекот од 27 јули во Тетово досега околу 21 илјади луѓе примиле две дози вакцини, а една доза имаат добиено над 5000 граѓани.