Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 123 и има околу 420 празни болнички кревети во ковид центрите.
Двајца нови пациенти поради компликации од корона вирусот се хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа. Вкупно 50 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во последното деноноќие, како што соопшти Министерството за здравство, во Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и еден ново заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27 пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и изутринава до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, нагласуваат од МЗ.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 10 болни, а во Куманово 13 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 4, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 4 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство, како што наведе во соопштението, има има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.