Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Министерството за здравство утринава информира дека вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ државата е 514 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намален број на болни, затворени се дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во Скопје, во изминатите 24 часа хоспитализирани се 17 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 203 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот во Скопје имало 180 слободни места, а во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти, се очекува да се ослободат и дополнителни места.
Според извештаите од болниците низ државата, во болницата во Битола хоспитализирани се 35 пациенти, во болницата во Штип 36 пациенти, на инфективното одделение во Тетово седум пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19.Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 26, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 14 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 12 во Кичево 9, Кавадарци 11, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.