Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 37 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 480 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, два пациенти на Институтот за ТБЦ, четворица на Клиниката за дерматовенерологија и тројца на Очната клиника.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало девет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 13 болни.
Од МЗ информираат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.
На Кожната клиника во ковид центарот моментно се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 45 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 19 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент и тоа 9 деца и 22 возрасни.
-Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението од Министерството за здравство.