Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 40 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид – центарот на Клниката за неврологија, шестмина на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и двајца на Очната клиника. На ОРЛ се примени три нови болни, а во ковид – центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија еден пациент.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 13 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симтоми на коронавирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.
Вкупно 495 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изутрината до 8 часот имало 20 – тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.