Холандската фудбалска репрезентација својот последен натпревар во мундијалските квалификации против Норвешка во вторник ќе го игра без публика, откако земјата повторно воведе рестрикции поради зголемувањето на бројот заразени со коронавирус.
Вршителот на должноста холандски премиер Марк Руте објави во петокот дека властите воведуваат тринеделен карантин со дополните рестрикции за кафе баровите, ресторани и супермаркетите, кои ќе бидат отворени до 20 часот.
На две кола пред крајот на мундијалските квалификации, Холандија е лидер во групата Г со два бода предност пред второпласираната
Одлуката на холандските власти значи дека по завршувањето на репрезентативната пауза и натпреварите во националното првенство повторно ќе се играат зад затворени врати.