Здружението Руско козаштво (Казачество Росии) бара од американскиот претседател Dоналд Трамп враќање на „украдените пари“ од руски граѓани. Тоа се наведува во писмо од Козаците до Генералниот конзулат на САД во Eкатеринбург.

Писмото на врховниот лидер (атаман) на Руските козаци, Валериј Попов објавено е на неговата страница на социјалната мрежа „В контакте“.

Во него на Трамп му се забележува дека со своите напади кон Русија, тој и САД се во „демонски пир“.

– Сакате да се борите против крадци, руски олигарси и чиновници, борете се конкретно против нив, а не против народот, се нагласува во писмото.

Попов му предлага на Трамп парите замрзанти на сметки на олигарсите да ги „уплати на оние од кои се украдени“, и во прво време бара 2,5 милијарди долари за Козаците кои би ги потрошиле за „национален препород“.