Гевгеличани бараат Кожув да стане Национален парк и да се забранат секакви активности што може да го нарушуват биодиверзитетот. Со транспаренти, пораки и говори, активистите денеска одржаа мирен протест во знак на револт од намерата на планината да никнат две нови мали хидроцентрали, пренесува Телма.

Намерата на реката Дошница да се градат хидроцентрали, гевгеличани ја дознале неодамна кога механизација се качила на планината со намера да го расчистува теренот.

Пред шест години, Гевгелија повторно протестираше, а организираа и референдум да се забранат геолошки истражувања на минерални суровини.