Необична пријава овие денови беше примија полициските службеници во Копривница, со која сопственик на имотот во Петеранeц, во близина на Копривница, пријавил дека му исчезнала неговата куќа.
Преубава монтажна куќа, која била во фаза на изградба, но речиси завршена, пишува порталот Подравски.
Крадците, според наводите на сопственикот, за неколку дена го одделиле и го однеле целиот покрив со плочата, како и делови од дрвените ѕидови, а штетата се проценува на околу 1.400 евра.
Во Петеранец, меѓу мештаните кружи приказна дека земјиштето од првите сопственици, кои ја изградиле куќата го купил еден претприемач кој, наводно, се скарал со својот партнер или му останал должен и претпоставуваат дека тој поради долгот му ја расклопил и ја однел куќата.
Полицијата во Копривница ги проверува овие гласини.