Видеото со една жена од САД, која упорно се обидува да стави бензин во автомобилот „Тесла“, стана хит на социјалните мрежи. Откако сфати дека не може да стави бензин, таа го враќа цревото назад, оди во автомобилот и го отвора багажникот. Потоа се потпира на возилото и почнува да се јавува на телефон.

Во тој момент ѝ пришол еден случаен минувач кој, најверојатно, и објаснил дека електричното возило не може да се полни со гориво.

Видеото предизвика смеа поради обидот на збунетата жена да го наполни со гориво електричниот автомобил. А откако сфати што направила, и жената слатко се насмеа. Впрочем, погледнете сами.