Црна Гора в петок го укинува полицискиот час и ги отвора и плажите, со задолжителни мерки за физичка дистанца.
Обврска е на сопствениците на плажите и угостителските објекти да ги истакнат мерките, вработените да носат маски и на маса да седат најмногу по четири лица, освен ако не станува збор за семејство.
Најмало растојание меѓу масите мора да биде два метра или со параван, дезинфекција на рацете на влез и излез, без самопослужување, без стоење и задржување на шанк.
Претходно беше најавено дека угостителските објекти ќе почнат со работа од 18 мај.
– Од петок во целата држава е дозволен сообраќај со патнички и такси возила (бројот на лица согласно сообраќајната дозвола), а од понеделник и внатрешниот јавен патнички и железнички превоз, соопшти Владата на Црна Гора.