Втор ден телевизискиот канал 1 ТВ не емитува никаква програма.

Оваа ТВ станица, чиј неформален сопственик е Бојан Јовановски Боки 13, откако тој отиде во притвор, ја прекина информативната програма, па повторно ја воведе, а сега престана да емитува секаква програма.

Според законските прописи ако ова продолжи во период од 30 дена, според Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, на телевизијата ќе и биде одземена дозволата за работа.

Телевизијата на Боки 13 почна со работа во март 2018 година, кога беше помпезно отворена. На свеченоста по повод отворањето учествуваше државниот и партиски врв на владејачкиот СДСМ, а во новинарскиот погон беше ангажиран тим од познати новинарски имиња, блиски до власта, како и поголем број млади.