Градиме по план, ќе ги санираме штетите од минатата деценија, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на промоцијата на водовод во штипската касарна.

– Градежните работи на изградба на нова водоводна мрежа во касарната во Штип, кои ги започнавме минатиот месец, се одвиваат со одлично темпо. Касарната ќе добие нов водовод. Уште во 2008 година се алармирало за потребата од реконструкција на водоводот, но не било преземено ништо. Градиме по план, ќе ги санираме штетите од минатата деценија. Армијата мора да има добри услови за работа, објави Шеќеринска по посетата на Штип.

Министерката Шеќеринска откако лани промовира камион со надворешни гуми за возила на армијата (никаде не се споменува дека тоа е Армијата на Република Македонија или АРМ), потоа имаше промоција и на чизми за добар дел од војската, денеска промовира и здрава вода за пиење за војската.