Ден Билзериан (37), познат како „Кралот на Инстаграм“, секогаш е опкружен со убавици во бикини, луксузни автомобили, а тврди дека неделно има секс дури со 17 девојки.

Меѓутоа, овој милијардер и професионален играч на покер, од јули оваа година заплови во првата моногамна врска со моделот Софија Беварли, која е помлада од него 16 години.

Тој за „Square Mile“ магазин признава дека за првпат во животот има девојка и истакнува дека и порано има девојки, но спиел со други жени. Оваа двојка се запознала на забава покрај базен,  но тоа не била баш љубов на прв поглед.

-Мисалм дека спиев со три девојки тој ден пред да ја запознам. Почнавме да се дружиме. Таа едноставно беше поинаква. Паметна е , кул, вели тој. Според медиумските написи, двојката наводно спиела уште на првиот состанок. Оваа русокоса потоа се појави на бројни негови фотографии на Инстаграм, а на една се гледа како влегуваат во приватен авион, а во објаснувањето стои „одиме на прв состанок“.

Преминувањето во моногамија не беше лесно за контроверзната ѕвезда од социјалната мрежа, кој тврди дека спиел со повеќе од 1000 жени.

-Мислам дека девојката треба да изгледа феноменално и да не биде толку заинтересирана за мене. Така ме улови. Мислам дека за се во животот, завршува Кралот.