„Целото семејство е многу тажно кога дозна дека изминатите неколку години биле предизвикувачки за Хари и Меган“, се вели во соопштението издадено од Бакингемската палата во име на кралицата Елизабета.

„Проблемите што се споменуваат, особено тој што се однесува на расата, се загрижувачки. Семејството многу сериозно го сфати ова и ќе ги реши приватно. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на семејството “, се вели во соопштението.

За потсетување, Меган и Хари упатија неколку обвинувања против кралското семејство во експлозивно интервју, а во јавноста. особено одекна изјавата дека некои членови на кралското семејство биле загрижени за бојата на кожата на нивниот син Арчи.

„Имаше загриженост и неколку разговори за тоа колку може да му биде темна кожата кога ќе се роди“, рече таа.

Семејството разговорите ги водеше со Хари, рече Меган. Таа одби да открие кој бил вклучен во тие разговори.

„Тоа би било многу штетно за нив“, смета таа.

Опра Винфри подоцна го праша принцот Хари за разговорите што ги водел со кралското семејство за Арчи додека Меган била бремена или за загриженоста за бојата на кожата на момчето.

„Никогаш нема да го откријам тој разговор. Беше непријатно и бев шокиран “, рече тој.

Кога Винфри праша дали може да ги открие прашањата што му беа поставени за време на разговорот, тој одби, велејќи: „Не ми е пријатно да зборувам за тоа“.