На Али Ахмети местото му е в затвор, е насловот на колумната на Адријан Красниќи објавена во повеќе медиуми на албански јазик во Македонија.
„Али Ахмети со неговиот клан на криминалци-поранешни функционери ниеднаш не работеа со правда за народот. Има многу сведоци, кои знаат дека Али Ахмети и Мендух ги убиваа нашите соборци на УЧК, а денес тие лаат за поделбата на Македонија! Верувам дека се сеќавате кога ги убиваа нашите другари, бидејќи бараа или да се продолжи војната, или да се подели Македонија! Али Ахмети, што ли ќе ти направи тебе некој кога ќе те начека изутрина, или квечерина? пишува Красниќи, поранешен припадник на УЧК.
Тој упатува обвинувања до Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ во колумната што ја објави весникот Лајм, како и други медиуми на албански јазик во Македонија.
Красниќи во колумната пишува без заобиколувања „тебе, Али Ахмети, вам, криминалци, местото ви е в затвор“!
– Вам ви се отворени вратите на пеколот, поради болката, што им ја предизвикавте на многу родители, жени, девојки, сестри и браќа, на кои им ги масакриравте нивните најсакани, а денес лаете како кучиња-скитници со вашиот клан! Али Ахмети, што ли ќе ти направи тебе некој кога ќе те начека изутрина, или квечерина?- пишува во колумната Красниќи.