Г.К. (57) жител на Кратово вчера во село Луково, Кратовско со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, отишол во куќата на соседот Р.А. (66) исто така од Кратово и го застрелал, по што тој починал на самото место, а потоа заминал во својата куќа и во дворот се самоубил.
Како што соопшти МВР, вчера околу 14,20 часот било пријавено дека во с.Луково-Кратовско, Г.К., кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на Р.А. од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на местото на настанот. Потоа го извршил самоубиството во дворот од својата куќа.
По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина-Скопје за обдукција. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.