Полицијата пронашла 6 мигранти од Пакистан во патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки вчера околу 04,30 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, кај клучката „Демир Капија“.

МВР денеска соопшти дека од страна на полициски службеници, бил даден знак за запирање на „мерцедесот“ при што возачот продолжил со движење. По преземени мерки, возилото било запрено, а возачот се дал во бегство, а во возилото биле пронајдени мигрантите.

За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.