Откако неодамна беа искршени стакла и изгребани возила на туристи од Македонија, сега два нови на српски туристи пријавени деновиве.
Крадци во Грција овојпат на Халкидики си ги „позјамиле гумите“ на автомобили на гости од Србија.
Претходно беа пријавени повеќе немили настани со кражби по туристичките места, но и инциденти со уништување на возила со македонски таблички.
На почетокот на летото грчката полиција ги предупреди туристите да бидат внимателни со возилата, бидејќи криминални банди крадат автомобили што се користат за криумчарење мигранти.