„Кога сакаш да наместиш некој, мисли на последиците.
Еден дечко, заради чие лажно сведочење наши браќа лежат робија, денес се осмелил да го услужи Заев со лажни снимки, за некои си наводни закани кон Заев.
Е тој дечко, денес е шлапан како магаре, и ни коленичењето и молбите за прошка не му помогнале да се спаси од ќотек.
Ќе поминел и полошо, али братот од Прилеп кој лежи заради него се смилувал, го замолил наљутеното Ќосе да запре со казната.
Немој да ги местите браќата, зашто казната ќе ве стигне сите. Ставете прст на чело пред да газите на невини животи.
На крај секој ќе е со заслуженото.
Да живее Република Македонија“
Ова е објавата на Кристијан Јандриоски, член на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров, мошне активен на ФБ, кој важи за човек кој обично е добро информиран, а поради своите постови имаше доста проблеми со влста на Заев.
Како што можете да прочитате од неговата објава, тој тврди дека лицето кое го наместило Ченто со лажна снимка објавен на А1 он (адвокатата на Ченто, Анита Беговала побара од Предраг Петровиќ, главниот уредник да ја повлече снимката и објавата дека на нејзе зборуваат Јане Ченто и Ќосето, но тоа не беше сторено до пред кратко време пред оваа објава) за тоа како ќе го изрешетал Заев, денеска молел за прошка.
Благодарение на Ченто, и ја добил. Всушност не добил прошка, туку се спасил од казна.