Русија ќе учествува во трилатералните мировни преговори со Украина и САД во Абу Даби од 10 до 11 ноември, соопшти денеска Кремљ.
Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински ќе биде главен преговарач во Абиу Даби.
Последните мировни преговори со посредство на САД се одржаа во феврари, пред американско-израелските напади врз Иран.
Американскиот пратеник Стив Виткоф вчера изјави дека САД со делегации од Украина и од Русија, следната недела во Абу Даби, ќе разговараат за безбедносните договори во поствоениот период и за мерките за деескалација на судирот.




