Лидерот на партијата Израел наш дом, Авигдор Либерман ја одби понудата од партијата Ликуд на актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху да се придружи на неговата коалиција.
-Свесен сум за потребата за формирање на влада, но не му верувам на Нетанјаху. Тој мора да замине, посочи Либерман.
Тој наведе и дека неговата партија нема да коалицира со двете арапски партии.
На предвремените парламентарни избори во Израел, одржани на 27 октомври, блокот партии околу актуелниот премиер Нетанјаху освои 53 места, а Ликуд е најголемата поединечна партија, со 27 места. Опозицискиот блок предводен од Гади Ајзенкот освои 48 места, а неговата партија Јашар има најмногу места – 21. Арапските и палестинските партии освоија 19 места. (МИА)




