Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро му даде „силна поддршка“ на рускиот колега Владимир Путин во денешниот телефонски разговор, додека руските трупи продолжуваат со инвазијата врз Украина, соопшти Кремљ.
– Николас Мадуро изрази силна поддршка за важните акции на Русија, осудувајќи ги дестабилизирачките дејствија на САД и НАТО и ја истакна важноста на борбата против кампањата на лаги и дезинформации што ја водат западните земји, се вели во соопштението, во кое се истакнува дека разговорот е одржан „на иницијатива на венецуелската страна“.
Путин, пак, „го изразил својот став за ситуацијата во врска со Украина, нагласувајќи дека целта на специјалната воена операција е заштита на цивилното население во Донбас (проруска сепаратистичка територија во источна Украина), признавање на ДНР и ЛНР (самопрогласените Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск) од страна на Киев и рускиот суверенитет над Крим, демилитаризација и денацизација на украинската држава и гарантирањето на нејзиниот статус на неутрална држава без нуклеарно оружје“, се наведува во текстот.