НАТО и де факто влезе во украинскиот конфликт, но тоа на никаков начин нема да влијае на нашите цели и планови, односно специјалната операција продолжува и ќе биде доведена до крај, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за ТВ каналот Русија 1.

Тој додаде дека потенцијалот на Русија овозможува специјалната операција да продолжи и таа ќе биде доведена до крај.

На новинарско прашање колку вмешаноста на НАТО во конфликтот ја комплицира позицијата на Русија, тој рече дека ситуацијата е „суштински потешка“.

– Ова бара, веројатно, наша внатрешна економска мобилизација и други видови мобилизација. Едно е режимот во Киев, а друго е потенцијалот на НАТО. Тоа е дополнителен товар, но нашиот потенцијал ни овозможува да ја продолжиме операцијата под тие услови, рече Песков.