Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи годишната сесија со прашања и одговори „Директна линија” на 20 јуни, соопшти денеска Кремљ.
Во соопштението се наведува дека специјалната телевизиска програма ќе започне напладне по московско време.
Прашањата можат да бидат испратени по телефон, преку SMS и MMS пораки од денеска до крајот на емисијата, на 20 јуни.
Рускиот претседател во живо ќе одговара на најинтересните и најактуелни прашања, се додава во соопштението.
Тоа ќе биде 17-та „Директна линија” на Путин. Првата се одржа во 2001 година и оттогаш се одржува секоја година, освен во 2004 и 2012 година.