Новиот руски хиперсоничен ракетен систем „Авангард“, што може да носи нуклеарни и конвенционални боеви глави, денеска е успешно тестиран.
На тестирањето присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.
Путин тестирањето, што беше во источниот дел на Русија, го набљудуваше од зградата на Министерството за одбрана во Москва.
Тој во март најави нови оружја, вклучително и „Авангард“, за што истакна дека може да погоди која било точка во светот и може да го избегне американскиот ракетен штит.