Во Јонското Море, на 47 километри јужно од островот Закинтос, денеска повторно е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Геодинамичкиот институт при Опсерваторијата во Атина.

Како што јави МИА од Атина, земјотресот се случил во 9.37 часот по локално време, со епицентар речиси на истото место, како и вчерашниот потрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер.