Кремљ денеска предупреди дека САД треба да се погрижат националните интереси на Русија да бидат целосно земени предвид во иранскиот нуклеарен договор.
Кремљ предупреди дека руските интереси во иранскиот нуклеарен договор ќе бидат засегнати од западните санкции кон Москва и дека САД треба да се погрижат целосно да се земат предвид руските национални интереси.
– Санкциите против Русија директно влијаат врз интересите на нашата земја во врска со овој договор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање околу разговорите за обновување на иранскиот нуклеарен договор.
Песков истакна дека САД ја знаат позицијата на Русија и дека „постоела тема за продолжување на разговорите, а тоа е навистина нешто што ни е многу важно“.