Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон според кој секој соработник на државата-агресор може да биде ставен во затвор, информираше првиот заменик претседател на Врховната рада на Украина, Александар Корниенко.

Тој ја даде изјавата за телевизискиот канал „Украина 24“.

Корниенко додаде дека околу 20 пратеници во украинскиот Парламент, кои ја напуштија земјата на почетокот од рускиот напад врз Украина, според него, поради соработка со Русија, треба да бидат осудени на максимална казна, предвидена со новиот закон.

Во јануари 2015 година, нецела година по анексијата на Крим, украинските власти официјално ја прогласија Руската Федерација за држава-агресор, а Врховната рада на 3 март ги усвои законите, со што се смени кривичниот закон во земјата.

Според првиот документ, се воведува затворска казна за соработка со државата-агресор до 15 години. Другиот пак, овозможува затворање политички партии, како и правни лица, поврзани со осудени според првиот закон.