Белорусија и Русија ќе продолжат да одржуваат заеднички воени вежби, што значи дека руските трупи нема да се повлечат од земјата како што беше претходно најавено, изјави белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин.
Вежбите требаше да завршат денеска. Овој потег дополнително го интензивира притисокот врз Украина бидејќи западните лидери и НАТО предупредуваат на неизбежна руска инвазија врз Украина.
Кренин рече дека одлуката е донесена поради зголемените тензии во спорниот украински регион Донбас и „во врска со зголемената воената активност во близина на надворешните граници“ на Русија и Белорусија.
НАТО соопшти дека 30.000 војници кои Русија во моментов ги има во Белорусија би можеле да бидат дел од планираниот упад.
Русија постојано негира дека планира упад на украинска територија.