МВР Билтен
На 14/15 09 2018 година во времето од 23:00 до 01:00 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола во угостителски објект лоциран на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово.
При контролата во објектот биле затекнати седум женски лица, три странски државјанки (од Србија, Хрватска и Албанија) и четири државјанки на Македонија. Странските државјанки биле приведени во полициска станица и предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – Тетово за натамошна постапка. Во објектот, исто така, биле затекнати и четири албански државјани кои непријавено престојувале на подрачјето на Тетово и биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – Тетово за понатамошна постапка.
На 14 09 2018 година во 15:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Љ.К. (47) пријавила дека истиот ден околу 14:00 часот во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на улица „Никола Вапцаров“, каде што била повикана, по кратко време физички била нападната од нејзиниот 17-годишен син Ф.К. кој ја удирал и ја кубел за косата, по што го напуштил местото на настанот.
Набргу тој е пронајден и приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител. Против Ф.К. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 14 09 2018 година околу 23:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Б.А. (41) од Скопје пријавил дека додека бил во неговиот дом слушнал два истрели.
Кога излегол надвор забележал дека на неговото возило „Џип“ со скопски регистерски таблици било скршено задното ветробранско стакло. Повредени лица нема. Пронајдени биле два фрагменти од проектил. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 14 септември 2018 година во 23:35 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ при превземање мерки од страна на полициски службеници односно по укажана наредба да застане, У.И. (38) од Тетово физички нападнал двајца полициски службеници.
У.И. бил совладан и приведен во полициска станица за натамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 14 09 2018 година во 11:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.П. (38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09:45 часот во близина на средното училиште „Боро Петрушевски“, неговиот 15-годишен син физички бил нападнат од страна на неколку малолетни лица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 14 09 2018 година во 11:05 часот на крстосницата од булеварот „Крсте Мисирков“ со булеварот „Гоце Делчев“, додека полициско возило на службена задача стоело на семафор, а со кое било транспортирано лицето Џ.Џ. (осомничен за кривично дело „убиство“) од Основниот Суд Скопје 1 кон Затвор-Скопје, до него застанало возило „Цитроен Ц3“ со скопски регистерски таблици со затемнети стакла.
Лицето го отворило предниот прозорец од возилото и вперило пиштол кон полициското возило. Полициските службеници излегле од возило и ги лишиле од слобода М.Т.(25) и Д.Н. (22) и двајцата од Скопје и по целосното расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14 09 2018 година во 12:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Дебарца“ пред угостителски објект, С.М.(27) и К.М.(54) физички го нападнале Г.Х.(45) – вработен во Градски паркинг.
До физичкиот напад дошло по претходна расправија во врска со поставена „шепа“ на возило „Пежо 306“ со кое биле двајцата напаѓачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14 09 2018 година во 11:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Х.С. (38) од Турција, со престојувалиште во с.Лажани-прилепско, пријавил дека на 11/12 09 2018 година на улицата „Кемал Сејфула“ од страна на непознат сторител му било одземено моторно возило „Ланд Ровер“ со турски национални ознаки.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Г.Ј. (36) од Струга.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 17 08 годинава во спортска обложувалница лоцирана во селото Враништа каде физички го нападнал Б.М. (59) од истото село