Крис Пол нема да игра на вториот натпревар од финалето на Западната конференција против Лос Анџелес клиперс, објави Феникс санс.
Резултатот во серијата е 1-0 во корист на тимот од Аризона.
Пол сè уште е изолиран како што налага протоколот за спречување коронавирус во НБА. Медиумите пишуваа дека играчот бил позитивен на Ковид-19, но клубот не ја потврди оваа информација.
Вториот натпревар од финалето на Западот ќе се одржи вечер во три часот по полноќ, на теренот на Феникс.