Вилфрид Заха побарал од Кристал Палас да го пушти во Арсенал.

Играчот повторно сака да игра на високо ниво откако неговиот престој во Манчестер Јунајтед беше неуспешен. По враќањето во на „Селхерст парк“, Заха еволуираше и стана лидер на тимот.

Сепак, Кристал Палас нема намера да се раздели со втор голем играч откако Арон Ван-Бисака премина во Манчестер Јунајтед. Лондонскиот тим бара 80 милиони фунти за Заха, и ова е сума што Арсенал не може да си ја дозволи во оваа фаза.

Вилфрид се надева дека клубот ќе ги намали своите барања и на некој начин ќе постигне договор со „топџиите“. При евентуален трансфер Палас ќе треба да даде 25% од износот на Манчестер Јунајтед. При преговорите за Ван-Бисака Кристал Палас се обиде да ја намали или да ја елиминира оваа клаузула, но не успеа. Тоа го тера клубот да бара голема сума.