Кристијан Ниневски од Скопје прв до крстот во Вардар

/ 19.01.2020

Најсреќниот учесник на Водици е 26-годишниот  Кристијан Ниневски од Скопје кој го извади крстот од водите на Вардар.

Светиот крст  беше за кратко време изваден од реката.

-Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија и тоа им го посакувам на сите. Посакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите да го почувствуваат ова чувство. Икона, библија, крст, ланче добив минатата година како подарок, кажа Кристијан кој стигна прв до крстот и минатата година.

 


Од истата категорија