ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против 65-годишен сопственик на угостителски објект во Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти денеска МВР.
– На 27.12.2020 во 18.30 часот, при извршена контрола од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во угостителски објект во Гостивар биле затекнати пет гости, со што сопственикот Д.З. ги прекршил дополнителните рестриктивни мерки за заштита на здравјето на населението од ковид-19, кои се однесуваат на ограничување на работно време на угостителските објекти до 18.00 часот, се наведува во соопштението.
МВР информира дека Државниот пазарен инспекторат го затворил објектот, а увид извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.