Кривични за насилството во Бутел

/ 08.12.2019

СВР Скопје ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца на возраст од 16 години, еден на возраст од 15 и еден на возраст од 12 години), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.О., татко на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Според пријавеното, малолетниците на 6 декември околу 19:30 часот на улицата „Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет го повредил 15-годишникот, кој по укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, бил пуштен на домашно лекување, соопшти МВР.

Набрзо потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Кривична пријава ќе биде поднесена и против С.О., бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривичното дело.

Инаку, четворицата малолетници во петокот во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакна од ножот во обид да биде прободено.


Од истата категорија