Бразил од своја територија нема намера да им дозволи на САД воена операција против Владата на Венецуела, изјави потпретседателот Антонио Хамилтон Мурао во интервју за ТВ Глобо.

Интервјуто го даде во Богота, каде што учествува на седницата на Групата Лима.

– За тоа е потребно одобрение на Конгресот (парламентот на Бразил). Владата не може тоа да го одобри без консултација со парламентот. Мнозинството во парламентот е против тоа американската војска да ја користи бразилската територија, изјави Мурао.

Претходно американскиот потпретседател Мајкл Пенс на седницата на Групата Лима во Колумбија изјави дека САД имаат намера да издвојат дополнителни 56 милиони долари за латиноамериканските држави кои даваат помош на народот на Венецуела. Притоа тој најави и поостри санкции за Владата на Венецуела.