Манастирите Бигорски и тој во Рајчица од синоќа се затворени за верници, но молитвите и литургиите се одвиваат.
– Сите сме добри. Нема никаква паника, туку пред се со надеж во Бога и доверба во државните институции, молитвите непрестајно се одвиваат. Се молиме за сите, за спасение. Нема потреба од никаков страв, едноставно да останеме смирени и да ја држиме надежта и да ги охрабриме сите заедно да се молиме за сите, велат монасите.
Патувањето во Бигорски или Рајчица е стопирано на последниот пункт кај Мавровска брана. Манастирот Свети Ѓеорги Победоносец во Рајчица, како што објави порталот Религија, практично е во карантин бидејќи се наоѓа на влезот од градот Дебар. Забранет е секаков влез и излез од манастирот.
Монасите велат дека засега имаат храна и се што им е потребно, а дали ќе бидат тестирани ќе одлучат здравствените власти.
Монасите апелираат со сите граѓани, не само на општините Центар Жипа и Дебар, да бидат смирени и да ги почитуваат препораките на државните институции, а заедно сите со молитва да помогнат во надминување на кризата.