Играчот за врска на Реал Мадрид и Германија, Тони Крос повеќе нема да игра за националниот тим, информира „Марка“, повикувајќи се на германски „Билд“.
Натпреварот од осминафиналето на ЕВРО 2020 против Англија (0:2) беше последен за 31-годишниот фудбалер во репрезентативниот дрес.
Се очекува деновиве Крос официјално да објави пензионирање во националниот тим.
За потсетување, фудбалерот игра за репрезентацијата на Германија од 2010 година. Тој е светски шампион во 2014 година. Покрај тоа, тој има бронзен медал од СП 2010 и две трети места со Германија на Европските првенства.