Министерството за енергетика на Куба денеска соопшти дека електроенергетската мрежа повторно е дефект и нема струја во поголем дел од земјата.

Застарениот кубански електроенергетски систем е под сериозен притисок поради недостиг на гориво, влошената инфраструктура и ембаргото за нафта наметнато од САД.

Дури и кога националната мрежа е во функција на Куба се чести прекините на електричната енергија поради застарениот кубански електроенергетски систем, недостигот на гориво и ембаргото за нафта наметнато од САД.

Тоа е седми прекин во снабдувањето со електричната енергија на Куба оваа година.

Куба со години е под американска блокада, но ситуацијата се влоши во јануари кога американскиот претседател Доналд Трамп, по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 3 јануари, воведе ембарго за нафта. Венецуела беше главен снабдувач со нафта за Куба. Но. Трамп се закани со царини за секоја земја која ќе и продаде или даде нафта на Хавана, со што се продлабочи економската и финансиската криза на островот. Куба сама обезбедува само 40 проценти од потребната нафта.