Четири деца се повредени вчера откако биле нападнати од куче кое влегло во училиште во Косово и каснало ученици од прво, второ, петто и шесто одделение.

Косовсите медиуми објавија видео од надзорна камера на кое се гледа кучето во училишниот коридор во селото Широки кај градот Сува Река, следејќи ги учениците кои со храна се враќале од одмор. Откако влегло во училишните простории почнало да ги напаѓа децата. Се сомнева дека кучето било заразено со беснило.

Кучето нападнало и полицаец кој потоа го убил со службеното оружје. Нападот се случил околу 9:40 часот. Едното од хоспитализираните деца е пуштено од болница, другото е на Одделот за инфективни болести.

Сопственикот на кучето бил уапсен веднаш по нападот, обвинет за предизвикување јавна опасност.