Стефен Олсен, научник од Данскиот метеоролошки институт, беше во рутинска мисија во северозападниот дел на Гренланд, за да ги пронајде алатките за океанографско и временско следење на времето, кои неговите колеги ги поставиле на мраз, кога наишол на проблем.
Тој не можел да ги види алатките, бидејќи, обично сино-белиот морски мраз, бил покриен со вода, што е резултат на топењето на гренландската ледена покривка, втора по големина на планетата.
Неверојатната фотографија, која ја направил, а на која се гледаат кучиња на кои водата им е до зглобовите, брзо стана вирулентна и најдобро ја илустрира климатската катастрофа, која и следи на нашата планета.
Како што реке Олсен во Твитер, заедниците на Гренланд, претежно автохтони, „се потпираат на морски мраз за транспорт, лов и риболов”.
Тие ќе бидат меѓу првите што ќе бидат погодени од топењето на ледената покривка, но последиците нема да останат ограничени само на Гренланд или дури на Северна Америка.
Гренландската „сезона на топење” трае од јуни до август, додека најголем дел на топењето се одвива во јули, најтопол месец. Меѓутоа, оваа година веќе дојде до топење на огромно количество мраз, со околу 40% од Гренланд, кој на 13 јули, на денот кога е направена фотографијата, веќе се растопил.