Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) информира дека го финансира отворањето на македонскиот културен центар Никола Вапцаров во Горна Џумаја (преименуван во Благоевград од Бугарија) во Пиринска Македонија. Официјална церемонија ќе се одржи на 30 октомври 2022 година.
Културниот центар ќе го управува Македонското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права, организација која се залага за правата на угнетуваното македонско малцинство во Бугарија. Здружението ќе продолжи да добива финансиски средства од Македонското меѓународно движење за човекови права.
Димитар Ковачевски, „премиер“ на режимот на власт во Република Македонија, вети дека ќе финансира отворање на македонски културен центар во Пиринска Македонија по протестите во кои беше осуден неговиот режим заради отворањето на бугарски клуб во Битола именуван според озлогласениот бугарски соработник на нацистите и злосторник Ванчо Михајлов, со кој се глорифицира нацизмот.
Клубот беше отворен на барање на бугарската Влада, и на Европската Унија, која продолжува да ги задоволува бугарските јавно декларирани цели да се избрише македонскиот етнички идентитет, култура историја и постоењето на големото македонско малцинство во Бугарија, како услов за Бугарија да го крене своето вето за приемот на Република Македонија во ЕУ.
Ве повикуваме, како набљудувачи и поддржувачи, да присуствувате на церемонијата на 30 октомври. Подетални информации ќе бидат објавени дополнително, се вели во соопштението од ММДЧП.