Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, кумановско, и против уште еден 16-годишен малолетник од село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, во врска со кривично дело „соучесништво“.

Во периодот од јули до септември годинава пријавените преку комуникација на социјална мрежа со закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина, оштетената ја принудиле да им даде поголема сума на парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист од 360.000 денари.