По наредба од Основен суд – Кавадарци вчера е извршен претрес на домот на Б.И.(22) од Кавадарци, при што е пронајдена марихуана. Пронајдената марихуана е одземена, а Б.И. е лишен од слобода.

Полициска станица Делчево поднесе кривична пријава против Б.Ј.(24) од Делчево, за сторено кривично дело „разбојништво“. На 26 минатиот месец во 05:45 часот во Делчево, на паркинг просторот на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин” пријавениот со употреба на физичка сила извршил разбојништво над 25 годишен такси возач од Делчево, при што му одзел  5.000 денари.

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.И.(49),  М.Х.(50) двајцата од село Лакавица, гостиварско, Ф.А.(31), Ќ.А.(33), Ф.С.(25), З.С. (41), З.С.(31) , О.А.(44), Е.А.(46) и Н.А.(53) сите од село Падалиште, гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шума“ и „кражба на дрва“, а против М.Х. и за постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „измама“.

Во периодот од 2017 година до 2 минатиот месец  во атарот на место викано Голема Равнина, село Падалиште, гостиварско — ШСЕ – Железна Река , пријавените извршиле бесправна сеча на 58,92 метри кубни букови дрва.

Пријавените Ф.И. и М.Х. дрвната маса ја транспортирале со товарни и патнички возила, ја обработувале во дворови складирана во вреќи, а потоа со возила ја транспортирале до купувачи за цена од 40-45 евра за метар кубен огревно дрво. Организаторите на другите пријавени лица, им плаќале за извршена бесправна сеча од 20 до 23 евра, по метар кубен дрвна маса.

Покрај ова, М.Х. со прикажување лажни факти дека дрвната маса е легална измамил 68 годишно лице од село Падалиште. По преземени мерки од страна на полициски службеници  од  оштетениот од село Падалиште била одземена нелегално купена дрвна маса и истата била предадена на ШСЕ-Шар Гостивар, а од извршени претреси во возила, куќи и викендица, како и од извршена контрола по возила и терен е затекната дрвна маса 38 метри кубни и таа била предадена на чување на ШСЕ-Шар Гостивар. На овој начин пријавените го оштетиле јавното претпријатие ШСЕ – Шар Гостивар за 724.500 денари .

Љ.Ф.(59) од Скопје пријавил вчера во 13 часот пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот на булевар „Партизански одреди“ неговиот 16 годишен внук бил физички нападнат од страна на 15 годишен малолетник со кој се познавале, а истиот употребил и нож нанесувајќи му расекотина во пределот на левата рака. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б.(29) од село Велебрдо – Ростуше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На август околу 21 часот пред угостителски објект на улица „Самоилова“, Х.Б. нападнал полициски слуижбеник кој преземал мерки од областа на сообраќајот.